Македонија

г.Тимотеј: Ние се придржуваме кон тоа што го кажуваат стручните служби на државата – денеска ќе дадеме насоки како ќе се прославува Велигден

Македонија е во вонредна состојба поради корона вирусот. Уште две недели до најголемиот христијански празник Велигден. Министерот за здравство Венко Филипче пак објави дека пикот од болеста во земјава се очекува да биде токму околу Велигден. Но и покрај тоа што се очекува бројот на заболени да биде драстично зголемен во идните две недели, што најчесто се случува преку ширење на вирусот преку локална трансмисија, на социјалните мрежи кружат апели да се оди на литургии во црквите за да се прослави Велигден. На профилот од црквата Света Троица која се наоѓа на периферија од Охрид, стои објава во која освен повикот, пишува и дека црквата нема забрана за богослужба, а верниците да одат во сите цркви од охридската парохија за да го прослават Велигден.

Верниците се интересираат кои препораки ќе ги даде црквата и како ќе се одбележи овој голем празник. На социјалните мрежи се шири и друг повик во кој што се вели верниците да излезат на  прозорци, балкони, дворови со свеќа во Раце, и да го дочекаме Големиот Празник ВЕЛИГДЕН

А во 00:00 часот точно на полноќ Со
почеток на БИЕЊЕТО НА КАМБАНИТЕ
Сите ние во еден ГЛАС,,,,
да ја пренесеме Радоста за:
☦ ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ  , се вели во другиот повик од верниците.

Митрополитот дебарско-кичевската епархија, Тимотеј, за „А1он“ тврди дека црквата не дала благослов за да се организираат собирања во црквите.

-Црквата нема дадено никаков благослов на никого да организира или шири некакви повици за тоа што да се прави за празниците. Никој не побарал благослов од нас да настапува во јавноста со вакво ншто. Тоа е недозволено. Ние се придржуваме кон тоа што го кажуваат стручните служби на државата. Денес синодот ќе даде насоки со соопштение дека во време на богослужбите ќе се сведе на минимум посетители во црквите и се ќе се прави според препораките на стручните служби на државата. НА ПРАШАЊЕТО ЗА СВЕЌИ НА БАЛКОНИТЕ – Во тоа не можеме да се мешаме , секој може да одбележува дома на начин на кој мисли дека треба. Ние ќе ги повикаме луѓето да останато дома, од дома да се молат заедно со свештенството кое ќе биде во црква, за да се зачува здравјето на сите, изјави митрополитот на Дебарско кичевската епархија г. Тимотеј.

Владиката Тимотеј уште додаде дека денеска црквата ќе излезе со официјално соопштение за тоа како ќе се прослави Големиот христијански празник Велигден.

фото: Архива

На почеток