Свет

Министерот за здравство на Нов Зеланд ја прекрши забраната за движење, вели „идиот сум“

Министерот за здравство на Нов Зеланд се нарече себеси „идиот“ и си даде оставка, откако ги повреди строгите ограничувања на движењето, воведени со ширењето на коронавирусот, но засега останува на функцијата.

Дејвид Кларк возел околу 20 километри до плажата за да прошета со своето семејство.

Министерот рече дека во време кога владата бара од граѓаните да направат историска жртва и да седат дома, тој се однесувал како „идиот“ и сфаќа зошто луѓето му се лутат.

Премиерката Џасинда Ардерн рече дека во нормални околности ќе го отпуштела Кларк, но дека државата сега не може да си дозволи големи нарушувања во здравствениот сектор додека се бори против вирусот.

фото:moosegazette.net

 

На почеток