Македонија

Костадинов: Просечната плата зголемена 4,8 проценти во однос на лани

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека последните официјални податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека владините економски политики даваат резултат.

„Просечната плата во септември оваа 2018 година изнесува 24.355 денари. Тоа е за 4,8 отсто или 1.126 денари повеќе во однос на септември 2017 година. Во споредба со септември 2016 година, во времето на претходната власт, тоа значи зголемување од 2.164 денари повеќе. Растот на просечната плата се должи на серијата позитивни мерки за поттикнување на растот на платите во приватниот и во државниот сектор. Овие мерки доведода до покачување на минималната плата, на платите во образованието, здравствената и социјална заштита, но забележан е значителен раст на платите и во одредени гранки од приватниот сектор“, рече Костадинов.

Тој додаде дека со мерките опфатени и во предлог-буџетот за 2019 година вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијата, судството, во социјалната и детската заштита добиваат поголеми плати. Вработените во овие сектори ќе добијат покачување на платите од 5 отсто, а докторите специјалисти ќе добијат покачување од 10 отсто.

„Со низа мерки предвидени во буџетот за 2019, ќе се засили поддршката од државата кон претпријатијата за платите да растат и во приватниот сектор“, додаде Костадинов.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток