Свет

Бројот на барања за венчавки во Вухан по корона вирусот се зголемил за 300 отсто

Жителите на Вухан, кинескиот град кој беше во изолација цели 76 дена и каде што за прв пат беше регистриран новиот коронавирус, полека почнуваат да се враќаат во нормала, а паровите чии врски го преживеаја карантинот тоа го прославуваат на совршен начин – со брак, пренесува Си-ен-ен.

Според официјалните бројки, барањата за свадби се зголемени за 300 проценти во однос на претходниот период.

Властите во Вухан официјално ја отворија матичната служба минатиот петок, но првите венчавки беа направени на почетокот од неделава.

Сепак, во извештајот се додава дека по долгото време во изолација се очекува зголемување и на бројот на разводи.

фото: Архива

На почеток