Македонија

Дукоски: Притвореникот кој почина се бањал во иста бања со Боки 13, храна им носеле исти командири

По смртта на притвореникот во истражниот затвор “Скопје”, кој беше заразен од корона вирусот, адвокатот Сашко Дуковски јавно прашува како судот планира да го оддржи утрешното рочиште за случајот “Рекет”, бидејќи на тој начин би го загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот, објави Фокус.мк.

-Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дуковски, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено.

Тој вели дека притворениците не треба да се дискриминираат, туку и за нив да се постапи според протокол.

Текстот во целост на: Фокус.мк

На почеток