ФБ статус на ренџерот и водич во НП Галичица Ѓуро Јовчески. Погледнете каква убавина крие НП Галичица…
Почитувани љубители на природата и природните вредности. Поради заинтересираноста на повеќето од вас за тоа каква е моменталната состојба на елените во репроцентарот во склоп на НП. Галичица донесени пред околу 4 месеци а со цел за подобрување на управувањето на планинските екосистеми на пасиштата, со големо задоволство можам да ви кажам дека во текот на вчерашнот ден при нивно хранење од страна на колегата Лазе Узановски како и во повеќе наврати повторно е остварена блиска средба. Во видеото во прилог во 27ма секунда се гледаат сите единки. Истите се третираат и хранат по сите стандарди а и здравје се очекува кон крајот на Мај почеток на Јуни и подмладок. Во склоп репроцентарот и на паркот воспоставен е 24 часовен видео надзор и физичко обезбедување. Одговорно лично тврдам дека никој нема да биде поштеден доколку биде затекнат во противправни дејствија.Јас лично и вработените ќе продолжам да бидам сервис и подршка на сите посетители, туристички работници, рекреативци , месно население и љубители на природата. Се гледаме со господ напред после искушениево, напиша Јовчески на ФБ.
https://www.facebook.com/gjuro.jovceski/videos/pcb.3157065427646286/3157061154313380/?type=3&theater
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3157060327646796&set=pcb.3157065427646286&type=3&theater
