Лидерите на најголемите политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во изолација откако е утврдено дека имале интервју со новинар кој во меѓувреме добил позитивен тест на коронавирус.
Првиот резултат од тестот на Мицкоски бил негативен, а Заев е во Струмица и резултатот ќе се знае во текот на денот.
Новинарот од една телевизија кој што е позитивен на тестот за корона Вирус е во Инфективна клиника и е во добра состојба. Тој правел интервју неодамна и со двајцата лидери.
Информациите ги сподели со јавноста министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес конференција изутринава.
фото: Архива
