Македонија

Aнтикорупциска поднесе прекршочни за десет обвинители на СЈО на чело со Катица Јанева

Врз основа на добиени сознанија Антикорупциската комисија отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски.

„Тој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице Турд Олимпик ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ Кале, со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РСМ“, соопшти ДКСК.

Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.

Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК предмет на проверка се анкетните листови Државната комисија за спречување на корупција повела и прекршочна постапка за поголем број обвинители од поранешното СЈО. Во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.

Тргнувајќи од наведеното ДКСК заклучи да поведе прекршочна постапка за
следните лица:

  1. Катица Јанева
  2. Фатиме Фетаи
  3. Елизабета Јосифоска
  4. Лиле Стефанова
  5. Бурим Рустеми
  6. Гаврил Бубевски
  7. Стевчо Донев
  8. Трајче Пеливанов
  9. Артан Ајро
  10. Љубомир Лапе.

ДКСК информира дека продолжува по нејзиното постапување по  предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на Поглаварот на Исламската Верска Заедница.

фото: Архива

На почеток