Македонија

Осум години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 годишен од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажал дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

За ова убиство беше отворен судскиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.

 

На почеток