Македонија

Арсовски: Покачувањето на акцизата за горивата ја богати олигархијата, а ги осиромашува граѓаните

Немата послушност на Нина Ангеловска и СДСМ кон олигархијата од стопанските комори ќе ги чини многу пари граѓаните. Ние сме единствена држава каде што Владата во моменти на немоќ и очај бидејќи немаат пари, да не речам ги ограбија парите од граѓаните и државава изминативе 3 години откако се на власт, сега уште еднаш посегнува по и така осиромашениот народ за да пробаат да пополнат нешто малку во државниот буџет. Да не речам, да пополни за повторно да имаат да си делат тендери меѓу себе луѓето од власта, истакна во своето видео обраќање Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Кризата со пандемијата од Ковид-19 многу брзо се прелеа во економска криза од која сакаат да профитираат олигарсите на СДСМ и нивното раководство, нормално на грбот на граѓаните.

Со првиот бран на поскапување на акцизата од 3 денари што го воведе изминативе години СДСМ граѓаните прилично осиромашија, а животниот стандард, транспортот и цените, сите останати цени поскапеа, само функционерите на СДСМ се богатеа.

Сега би сакал една кратка анализа што ќе се случи повторно со цените и поскапувањето и тоа директно ќе се одрази на животот и граѓаните, односно на едно просечно македонско семејство.

Претпоставките кои ќе станат реалност кога ќе се покачи акцизата за 2 денари, велат дека конкретно во патниот транспорт, прашање на време е колку брзо ќе се покачат цените на билетите за меѓуградскиот превоз, но и на такси компаниите и превозото во градовите внатре.

Ако еден повратен билет Скопје-Берово чини сега 730 денари, постои можност да се покачи над 800 денари. Во просек нека биде 70 денари поскапувањето. Ако едно семејство од Берово има 2-ца студенти во Скопје, кои треба да се вратат секој викенд во Берово, имајте на ум дека едно семејство покачувањето на акцизата ќе го чини над 600 денари повеќе секој месец со поскапување на оваа акциза од 2 денари. Дополнително со претходното покачување акциза од 3 денари цената на билетот скокна и тоа значење околу 1000 денари повеќе трошок за секое семејство месечно, сега веќе се 1600 денари месечно или над 19.000 денари годишно едно семејство плаќа  како резултат за поскапувањето на акцизите од страна на СДСМ.

Истото ќе се случува и со билетите за другите градови како Струмица, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, градови за кои постои можност да се поскапат билетите и повеќе од 100 денари затоа што дополнително што одредени патни делници ќе добијат и нови патарини, но и постојните би можеле да бидат покачени.

Ист е и примерот со месечниот билет Скопје-Куманово или Скопје-Тетово кои сега чинат 3000 денари, постои реална можност и намера да поскапат 500 денари односно да бидат 3500 со поскапувањето на акцизата оод 2 денари. Тоа значи дека доколку од едно кумановско или тетовско семејство патуваат тројца членови од семејството во Скопје секој ден на работа или училиште, едно семејство заради покачување на акцизата ќе има дополнителни 1500 денари месечно трошоци, или годишно тоа е над 18.000 денари само од покачувањето на акцизата за 2 денари, односно луксузот на СДСМ со кој сакаат да ги збогатат своите олигарси, но и да ја пополнат дупката во буџетот од парите кои што самите ги искрадоа.

Дупката во Буџетот која ја остави СДСМ сега сака да ја надополните преку осиромашениот народ.

Не ни е потребна уште една транзициона олигархија, нам ни е потребно стабилна економија и вистински економски мерки.

Ова не е мерка, ова е осиромашување. Наместо реални мерки и задржување на работните места, односно да не се отпуштат принудно над 160.000 граѓани како што тоа во моментов се случува, ние гледаме од СДСМ осиромашување на и така сиромашниот народ.

Затоа граѓаните ќе имаат можност да одберат дали нови работни места и стабилна економија или дополнително осиромашување на граѓаните, истакна во своето видео обраќање Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/videos/10222200380419483/

фото: ВМРО ДПМНЕ

На почеток