Австрискиот филмски архив, со ретроспективата „Времињата се менуваат 1918 – Падот на Австро-Унгарската империја“, го одбележува крајот на Првата светска војна и 100-годишнината на Републиката.
На ретроспективата со свои филмови беа претставени филмските архиви од дел од земјите кои, директно или индиректно, биле поврзани со Австро-Унгарската империја и со Првата светска војна: Австрија, Унгарија, Италија, Чешка, Полска, Русија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Проекциите се одржуваа во киното на Австрискиот филмски архив, инаку зграда стара 100 години, од 10 ноември до 6 декември.Македонската вечер беше посветена на пионерите на филмот на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки. За значењето на овие филмски остварувања, како и за нивното чување, заштита, реставрирање, дигитализирање, истражување и презентирање, зборуваше Игор Старделов, раководител на филмскиот архив во Кинотеката на Македонија.