Времето претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од четири до 16 степени.
Според најавата на метеоролозите од четврток , па во деновите потоа од југ или поточно од Медитеранот, кон територијата на Македонија како и во поголем дел од Балканскиот Полуостров се очекува да ни дојде осетен и поголем прилив на значително потопол воздух. Што ќе ни донесе поголемо затоплување на времето и пораст на температурите кои ќе имат вистинска пролетна вреднос.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 4 до 16 степени.
фото: Архива