Свет

Според врвен израелски научник коронавирусот речиси исчезнува за 70 дена

Според истакнатиот математичар и аналитичар Исак Бен-Израел, социјалното дистанцирање и затворањето на економиите ширум светот претставува докажана грешка во однос на неговите статистики. Истакнатиот израелски математичар, аналитичар и поранешен генерал Исак Бен-Израел тврди дека едноставна статистичка анализа покажува дека ширењето на ковид-19 се намалува по околу 40 дена и дека паѓа речиси на нула по 70 дена, без разлика каде напаѓа и независно од тоа какви мерки преземаат владите за спречување на вирусот, објави 360stepeni.mk.

Професорот, кој е шеф на програмата за студии за безбедност на универзитетот во Тел Авив и претседател на Националниот совет за истражување и развој, за израелскиот Канал 12 изјави дека истражувањето што го спровел со свој колега, анализирајќи го растот и падот на нови случаи во земји низ целиот свет, постојано покажува дека „постои одредена шема“ и „бројките зборуваат сами за себе“.

Тој рече дека социјалното дистанцирање и затворањето на економиите ширум светот претставува докажана грешка во однос на тие статистики. Во случајот со Израел, истакна тој, околу 140 луѓе обично умираат секој ден. Да се ​​затвори голем дел од економијата поради вирус кој убива еден или два на ден е радикална грешка која непотребно го чини Израел 20 проценти од нејзиниот БДП.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

 

На почеток