Македонија

Филипче: После бурата доаѓа сонце, кога ќе попуштаат мерките, ќе се работи на дистанца, со внимание

Министерот за здравство Венко Филипче, на видео конференцијата организирана од Владата на тема: „КОВИД-19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК“, рече дека овие мерки се тешки, но мора да се издржат .

„Сакам да им соопштам на граѓаните дека после бурата доаѓа сонце. Јасно е дека после ова ќе се смени целокупниот живот на секој од нас, на сите институции… Кога ќе попуштаат мерките, маркетите, рестораните и кафулињата ќе работат на дистанца, со внимание. Нема да биде исто, но дури сега гледаме дека мерките кои ги воведовме даваат и ќе даваат резултат на среднорочен и долгорочен план“ истакна министерот Филипче.

Филипче смета дека здравствените системи ќе мора да се прилагодат на новиот корона вирус, и да постојат институции кои ќе третираат пациенти заболени од ковид-19 во иднина, и други кои ќе ги третираат другите пациенти.

– Ќе мора дел од одговорностите да се префрлат на матичните лекари кои ќе ја преземат грижата за пациентите со полесни симптоми, додека другите ќе се сместуваат во болниците – вели Филипче.

фото: Архива

На почеток