Македонија

Над пет илјади тестови и десетици илјади маски донација од Кина за земјава

Над пет илјади тестови за ковид-19 и десетици илјади маски и заштитни материјали донира Кина во Македонија, соопшти вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Тој додаде дека донацијата вчера тргнала од Шангај, преку Истанбул, а денеска треба да стигне во Скопје.

Оваа помош, како што најави Османи, веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи.

фото: Архива

На почеток