Македонија

(ВИДЕО) Гевгеличани за Велигден се фатија на оро средe полициски час

По Велигденското оро во Гевгелија, лавина реакции на социјалните мрежи. Граѓаните се гневни затоа што додека едни почитувајќи ги мерките седат во своите домови 85 часа, други се забавуваат по улици и тоа без да ги почитуваат мерките за превенција од ширење на корона вирусот.

На снимката која се препраќаше синоќа по социјалните мрежи се гледа како дваесетина жители на Гевгелија играат оро на улица за време на тридневниот полициски час.

Уште синоќа е приведено едно лице, додека се врши препознавање на останатите прекршители. На видеото на крајот и се слуша дека еден од гевгеличани кажува дека „полицијата нема да доаѓа, џабе им е. Не им е дозволено“.

На почеток