Свет

Поради корона вирусот Трамп привремено ја суспендира миграцијата во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа соопшти дека ќе потпише извршна наредба со која привремено се прекинуваат сите миграции во САД, бидејќи земјата се бори против здравствените и економските причини од пандемијата на коронавирусот.

Трамп истакнал дека мерката ќе ја спроведе поради нападот на невидливиот непријател, односно пандемијата на ковид-19, но и како заштита на работните места во САД, објави Си-ен-ен.

Не е познато со кои механизми Трамп ќе ја прекине миграцијата ниту колку ќе трае одредбата.

фото: Архива

На почеток