Македонија

Османи: Кризниот штаб на Владата дискутираше полицискиот час да трае од 19 дo 05 часот

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19.00 до 05.00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

По појава на коронавирусот во земјава, првично полицискиот час почна да се применува од 21.00 до 05.00 часот неколку дена, а потоа полицискиот час беше продолжен од 16.00 до 05.00 часот.

фото: Архива

На почеток