Македонија

Бензините поскапуваат за 3,5 денари, а дизелот за денар и пол

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со денешната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Новата малопродажна цена на бензините еуросупер БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а еуросуперБС-98 ќе се продава за 54 денари.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

фото: Архива

На почеток