Македонија

Денеска променливо облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 9 до 14 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

фото: Архива

На почеток