Свет

Во Русите се купува повеќе сол, како превенција од коронавирусот

Во Русија зголемена побарувачката на сол,по објавувањето на препораката на Министерството за здравство носната слузница да се плакне со солена вода за да се спречи инфекција со коронавирус, јавуваат руските медиуми.

„Откако руското Министерство за здравство ја објави таа препорака на 9 април, бројот на налози за испорака на сол добиени од дистрибутерите се зголеми за 20 проценти“, вели Дмитриј Леонов, заменик претседател на руската Асоцијација на производители на сол.

Според него, дистрибутерите известуваат оти граѓаните купуваат повеќе сол за превентивна употреба.

Производните капацитети на домашните компании се во можност 100 процентно да ја задоволат тековната зголемена побарувачка, но и да пуштат на пазарот дополнителни количини сол доколку е потребно, нагласи Леонов.

фото: Panacea.mk

 

На почеток