Свет

(ВИДЕО) ОН: На светот му се заканува глад од “библиски размери”

На светот му се заканува глад од “библиски размери”, предизвикан од пандемијата на коронавирусот, предупредуваат од Обединетите Нации. Шефот на Светската програма за храна, Дејвид Бесли, изјавил дека се потребни итни акции за да се избегне катастрофа. Агенцијата на ОН проценува дека бројот на луѓето кои гладуваат би можел речиси да се удвои, од 125 на повеќе од 250 милиони, објави Сител.

Во најголем ризик се 10 земји зафатени од конфликти, економска криза и климатски промени. Во четвртиот годишен глобален извештај за кризата со храна како земји кои се во ризик да бидат погодени од глад се наведени Јемен, Демократска Република Конго, Авганистан, Венецуела, Етиопија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Нигерија и Хаити.

Обраќајќи се до Советот за безбедност на ОН во текот на видео-конференцијата, Бесли рекол дека светот мора мудро и брзо да делува.

“Би можеле да се соочиме со глад од библиски размери во рок од неколку месеци”, рекол тој.

фото:  Unscrambled.sg

 

На почеток