Денеска во Канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ беа подготвени и испорачани првите пакети наменети за граѓаните кои се најмногу погодени од епидемијата на коронавирусот, со што започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“.
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија упати јавен повик до сите кои можат да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да помогнеме, секој во рамки на нашите можности, на оние кои најмногу им треба нашата поддршка.
За реализација на оваа иницијатива, Кабинетот ќе соработува со неколку партнери:
– Црвен крст на Република Северна Македонија;
– Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници;
– „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци;
– Здружение за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, со фокус на децата;
– „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани.