Македонија

(ВИДЕО) Семејство живее во шатор со две годишно дете

Во мал шатор, со двегодишно дете и во парк, без ништо. Вака живее семејството Вели веќе пет дена. Поради тоа што немале средства да платат кирија, останале без кров над глава. Но малата Еџе не знае дека останала без куќа но со подготвените куфери бара да се врати во нивниот дом.
Нејзината мајка вели дека Еџе се плаши од едно животно кое го нападнало шаторот, објави tv21.tv.

„Многу се исплашивме, и мислевме дека е некоја дива свиња, бидејќи така ни изгледаше од сенката, многу се исплашивме, не разбуди од сон. Таа ноќ многу тешко спиевме, тоа е тоа што да направиме-вели мајката на Еџе Вели.

Кога излегле од куќата каде живееле, имале само 35 евра, за 20 евра купиле шатор, а со останатите 15 евра се обиделе да купуваат храна.

Текстот во целост на tv21.tv

 

На почеток