Македонија

Времето денеска претпладне сончево, попладне променливо облачно со дожд

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 18 до до 25 степени.

Од почетокот на следната недела ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

фото: Архива

 

На почеток