Македонија

На ниво на целата држава 88 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (26/27.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 88 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 77 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

фото: Архива

На почеток