Магазин

(ВИДЕО) Пентагон објави три видеа од НЛО

Пентагон објави три декласифицирани видеа на кои се гледа како пилотите на американската морнарица се соочуваат со нешта за кои се претпоставува дека се неидентификувани летачки објекти (НЛО). „Неидентификували летечки објекти“ претходно биле објавени од приватна компанија, пипува „Си-Ен-Ен“.

 

На видеата може да се види како неидентификувани летечки објекти се движат додека се снимаат со инфрацрвените камери. Две од три видеа ги содржат и реакциите на американските војници кои се зачудени од брзото движење на објектите. Може да се слушне дека еден од нив нагаѓа дека станува збор за некакви дронови.

Американската морнарица во септември минатата година ја потврди автентичноста на видеата кои се снимени.

Од Пентагон во минатото преку тајна програма ги проучувале снимките на воздушни средби со непознати објекти. Програмата била започната во 2007-ма година, но била завршена пет години подоцна затоа што од Пентагон процениле дека тие пари би можеле да се потрошат на програми со поголем приоритет.

фото: PRTCS

На почеток