Свет

Семејствата на британските здравствени работници кои починале од КОВИД – 19 ќе добијат 66 000 евра

На семејствата на британските здравствени работници кои починале во борбата против пандемијата „ковид-19“ ќе им бидат исплатени 60 000 фунти или 66 000 евра во рамките на новата програма за животно осигурување, објави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Обединетото Кралство е меѓу државите со најголем број смртни случаи од „Ковид-19“, 21.092 заболени починале во болниците, а допрва треба да се придодадат и илјадниците починати во старски домови.

Познато е дека меѓу починатите се 98 медицински работници и помошен медицински персонал, рече Хенкок.

фото: Danas

 

На почеток