Македонија

Филипче: На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници

На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот.
Им порачувам да бидат особени внимателни на работните места. Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари.

Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници – целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2371497919823894/?type=3&theater

 

 

Фотографија: Tomislav Georgiev

На почеток