Македонија

Еве како може да се движиме за продолжениот викенд за 1 ви мај

На денешната седница на Влада донесовме одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1564751573702460/?type=3&theater

На почеток