Народот вели образ ѓон. Се потврди дека СДСМ е фалсификаторска партија. Денес како меур се распрсна лагата креирана од СДСМ фалсификаторска, преку безброј лажните вести изминатиов викенд кои што ги креираа, а во врска со наводното посетување на фитнес центар од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, во време на воведена вонредна состојба, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Институционалната истрага од страна на Министерството за внатрешни работи, преземајќи ги сите протоколи за утврдување на случајот, се потврди дека оваа снимка е од пред повеќе од половина година, и дека се е согласно законот. Значи СДСМ фалсификаторска свесно ги лажела и манипулирала граѓаните. Вклучително и новиот портпарол за лаги и фаслификати во СДСМ, поранешната пратеничка Снежана Калеска Ванчева.
Но, благодарни сме што целата оваа хајка излезе на површина дека СДСМ фалсификува и шири лажни вести.
Затоа, мораме да нотираме неколку точки.
- СДСМ фалсификаторска директно стои позади монструозното креирање на лажни вести кои имаат за цел да дискредитираат политички противници како во конкретниов случај – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.
- Бараме, бараме уште веднаш, јавно да се извинат од СДСМ фалсификаторска за ширењето на лажни вести и свесно замајување на јавноста.
- Јавно прашуваме и бараме да се истражи до крај, кој го следи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја загрозува неговата безбедност, притоа да се најдат нарачателите на истото следење и нормално, бидејќи слободата на човекот е право загарантирано со Уставот на Република Македонија, бараме истите да одговараат пред институциите соодветно. Бараме кривична одговорност за сите инволвирани во оваа хајка и нарушување на безбедноста.
За крај, многу едноставно можеше да се воочи од каде произлегува оваа конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој беше најгласен околу нејзе.
Со објавените соопштенија и прес конференции, како и со луѓето кои ја ширеа оваа лажна вест преку интернет просторот, очигледно е кој е конструктор на овие лаги и лажни вести кои беа презентирани во медиумите
Како што лажат за ова, лажат за се друго. Затоа, денеска граѓаните видоа кој шири лажни вести, а тоа е штабот на фалсификаторската партија позади мене, партијата СДСМ фалсификаторска.
Извинување и собирање на јавниот срам е најмалку што можат уште веднаш да направат во СДСМ фалсификаторска, но сепак тоа може да го направат луѓе кои имаат срам, а не луѓе во СДСМ кои што немаат срам, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
фото и видео: ВМРО ДПМНЕ