Македонија

Чулев: Предложив нормално ограничување 1 мај бидејќи граѓаните ги почитуваат мерките

Наќе Чулев, како министер во МВР предложил викендот за 1 мај да нема целосен полициски час, бидејќи како што вели тој граѓаните се совесни и нема потреба од толку строги мерки.

– Моите аргументи беа во насока дека кај граѓаните веќе постои повисока свесност, за лична заштита, со мерките против ширење на заразата. Како што гледате граѓаните ги почитуваат мерките и одлуките на владата, носат средства за лична заштита маски и ракавици. Другиот аргумент беше психолошкиот притисок кој што е енормно зголемен врз граѓаните, полицијата е секојдневно со граѓаните и забележана е енормна агресивност кај нив. Што значи дека оваа ситуација се одразува врз психо-физичкото здравје врз граѓаните. Доколку направиме една анализа и компарација со регионот и Европа, во некои држави веќе има и агресивни манифестации на граѓанска непослушност. Она што ни служи и како плус индикатор на МВР е и зголеменото семејно насилство. Јас тука ги охрабрувам сите оние врз кои  се врши такво насилство тоа да го направат преку телефон или во најблиската полициска станица, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за 24 телевизија.

Во врска со случајот со кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Чулев кажа дека истата е политчка и дека во счучајот истата е доставена самп до БЈБ, а не и до него.

фото: Архива

На почеток