Свет

Хилари Клинтон го поддржа Џо Бајден во трката за Белата куќа

Соперничката на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон, даде поддршка номинација на демократот Џо Бајден за кандидат за претседател на изборите на САД годинава.

-Сакам да го додадам мојот глас на сите оние кои ве поддржуваат да бидете наш претседател, изјави Клинтон, која во 2016. година загуби од актуелниот претседател Доналд Трамп.

-Помислите само на тоа каква би била разликата сега да имаме претседател кој не само што ја слуша науката, ги става фактите пред фикцијата, туку и не обединува. Помислете само како би било кога би имале вистински претседател, а не само човек кој си игра претседател на телевизија. Замислете како би било да имаме вистински претседател, а не некој кој го глуми на телевизија. Би сакала вие сега да бидете претседател“, Истакна Хилари Клинтон.

фото: Архива

На почеток