Македонија

(ФОТО) Професор за пример, кој ќе ја заборави оваа домашна работа?

Кога ќе го чујат поимот домашна работа, на децата знае косата да им се крене на главата. Особено периодов, додека се одвива наставата од дома, кога ниту концентрацијата им е на ниво ниту имаат желбата за учење. Но, домашната задача што учениците од седмо одделение во училиштето „Јахја Кемал“ во Скопје ја добија пред неколку дена од својот наставник по англиски јазик Никола Ѓелинчески ја извршија со голема радост и желба, објави поратлот Деца.мк.

Тој им дал предизвик да пресоздадат познати уметнички дела. Без никакви сугестии, секој ученик сам си го избрал тоа што му се допаѓало и што можел да го оствари во домашни услови.

Текстот во целост на: деца.мк

фото: деца.мк

На почеток