Македонија

Османи: Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во улога на Главен координатор на општинските кризни штабови оствари посета на Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со директорот Арбен Зибери.

Османи изрази благодарност до Зибери, но и до целиот тим на Центарот за целокупниот нивен ангажман и посветеност во борбата против Ковид-19.

„Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите”, истакна Османи при што и во оваа прилика уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.

фото: Архива

 

На почеток