Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференцијата соопшти дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа каков ќе биде полицискиот час за време на викендот, додека во сабота ќе се дискутира за полицискиот час од понеделник.
Филипче не откри дали се планира укинување на полицискиот час од понедеделник. Како што кажа министерот сите мерки во иднина ќе зависат од бројот на новозаболени од КОВИД -19.
фото: Архива
