Македонија

(ФОТО) Чиста околина – здрава животна средина, пештанции покажаа како сложно можат се

Пештанци покажаа дека имаат еколошки дух. На дело покажаа дека секој треба прво да си го исчисти дворот и околината, па потоа да наоѓа забелешки на другите.

Успешно заврши и денешната еколошка акција која неколкумина ја предложија, но околината ја прифати, за на крај да им помогне и ЈП Охридски Комуналец. Денеска беа собрани над  60 вреќи ѓубре на порегот од „Роки“ до крајот на Пештани према Охрид. Во акцијата  учество зедоа многу луѓе. Организаторот вели дека посебно се горди што со овие акции го потикнаа еколошкиот дух кај младите кои активно се вклучија во акцијата.

Вообичаено еден од организаторите Дарко Башоски на сите учесници им се заблагодари за акцијата. Тој на социјалната мрежа фејсбук напиша:

  • Почитувани Пешчанци, вие шо се осеќате како Пешчанци и сите кои на било каков начин ја помагате нашата Акција, сакам да Ви се заблагодарам и да Ве информирам!
    Денеска се собравме многу луѓе, искрено се изненадив и многу ми е мерак!
    Денес се чистеше од пред Роки до Крај на Пештани према Охрид!
    Се поделивме на три екипи, едната ја чистеше целата плажа од ѓубре, а исто така и трската се збираше на посебни места!
    Другата екипа чистеше околу училиштето и теренот за фудбал!
    Третата екипа со кајче го собра ѓубрето кое вчера беше собрано во ќеси на потегот од Десарет до рибноно!
    Денес се собраа преку 60 вреќи ѓубре и очекуваме во теков на денов да се подигне од Охридски Комуналец и да биде правилно депонирано!
    Викендов одмараме, а од Понеделник помала група на луѓе треба да довршиме уште неколку мали депонии!
    Ви благодарам уште еднаш на сите што зедовте учество во денешната Акција и во иднина ви стојам на располагање за било какви акции за доброто на сите нас!

фото: ФБ Дарко Башоски

На почеток