Зоран Заев стои зад случајот „Рекет“. Затоа сега се обидува да ја дефокусира јавноста. Боки 13 пред суд кажа дека Заев знаел за криминалот и му укажал уште на 3 април. Дури на 22 април, Заев наводно, го пријавил случајот во обвинителството, што говори дека 20 дена се обидувал да го изменаџира скандалот за кој постојат сериозни индиции дека е лично длабоко поврзан. Тоа е класично прикривање на криминал и соучесништво во истиот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Молкот на Заев цели 20 дена говори дека тој всушност е капо ди тути капи на целата операција која се спроведувала.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој сите го видоа како бара евро за Вицето, очигледно не го променил својот карактер. Како што нарачува „трас трас”, така си нарачува алиби истраги кај Русковска обвинителството.
Заев 20 дена ги искористил да се обиде да го забошоти случајот, а штетата да ја локализира на двајца-тројца обвинети за кои ќе се договори казна. Ова била операцијата на Заев за спасување на својата глава од овој скандал. Овие 20 дена биле денови на спасување на главата на октопод.
За таквите криминали наскоро доаѓа судот на народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
фото: Архива