Македонија

АЛСАТ: Мајката и синот од Велес починале на крајот од јануари

Алсат открива нови индикации за периодот на смртта на членовите на семејството Манојлов од Велес, кои откако беа пронајдени починати, тестот кај мајката беше позитивен на Ковид-19. Констатациите дадени од судска медицина велат дека Ванчо и Катерина Манојлови починале кон средината на март, може да бидат демантирани од сметките за електрична енергија.

Според доказите обезбедени од Алсат, во декември Маноилови имало сметка за струја од 3.300 денари, која е платена на 17 јануари 2020 година. Во јануари, семејството потрошило електрична енергија во висина од 4.000 денари, но оваа сметка не била платена. За месец февруари, март и април немало потрошено електрична енергија туку стигнала само сметка за такса која се плаќа кога нема потрошувачка на струја.

Освен сметките за струја, сомнеж во тоа кога починале мајката и синот отвара податокот дека пензиите и социјалната помош, чиј корисник бил Ванчо се платени, но дека немал кој да ги повлече, па парите кои биле исплатени за јануари и за февруари и испртени на адреса на ова семејство биле вратени во Центарот за социјална работа.

Текстот во целост на Алсат

На почеток