hпо информацијата дека една од неговите соработнички е заразена со коронавирус. Портпаролот на американскиот потпретседател, Девин О’Мали соопшти дека Пенс ќе дојде денеска на работа како и вообичаено, бидејќи има негативни тестови на вирусот.
„Потпретседателот Пенс ќе продолжи да ги следи советите на медицинскиот тим на Белата куќа и не е во карантин“, рече тој.
Претходно Блумберг јави дека потпретседателот на САД, Мајк Пенс е во самоизолација, надвор од Белата куќа, откако беше потврдено дека неговата портпаролка е заразена со коронавирус.
фото: Архива
