Во студио на ТВ Пинк, каде што сопственикот на телевизијата Жељко Митровиќ се појавува како гостин, заедно со Цеца Ражњатовиќ и Чеда Јовановиќ , после сериозна кавга и сериозни обвинувања од сите страни, Цеца го напушта студиото и емисијата.
Тема во емисијата беше пандемијата и се уште присутната опасност од коронавирусот.
„Дали го познавате господинот Јовановиќ?“ праша водителката.
„Јас не го познавам, а тој ме апсеше“, одговори пејачката.
„Мислам дека не е тема вашето апсење“ одговори Јовановиќ.
„Јас мислам дека е, јас сум жена, живеем со сестра ми и децата. Ми дојдовте дома со 150 полицајци, само требаше да ми се јавите“ продолжува Цеца.
„Уапсени сте поради сомнеж дека знаевте дека се подготвува атентат на премиерот, како и дека сте вмешани во киднапирањето на вашиот кум Жељко Митровиќ“ изјави Чедо Јовановиќ.
фото: PRTSC
