Свет

(ВИДЕО) Експеримент покажува колку брзо се пренесува коронавирусот во кафулињата и ресторани

Белгискиот виролог Марк Ван Ранст сподели снимка од јапонски експеримент кој прикажува колку брзо коронавирусот се пренесува меѓу луѓето во кафулињата и рестораните.

Експериментот собрал 10 учесници, а судијата бил заразена личност. На рацете му нанеле флуоресцентна боја, а потоа сите седнале да јадат.

По половина час светлата се изгасиле, а под ултравиолетово светло се глeда како честиците се прошириле на целото друштво, приборот и масата, па дури и на лицата на луѓето,објави Слободен печат. 

Фото:  ABC News

 

На почеток