Свет

(ВИДЕО) Над 500 бебиња во Украина се отфрлени поради пандемијата, нема кој да ги купи

Пандемијата на коронавирус го потресе целиот свет, а додека во многу земји го извлече најдоброто од луѓето, има и случаи кога ја покажа најлошата човечка страна. Вистинска трагедија се случува во Киев, Украина, каде што повеќе од 500 новороденчиња, нарачани од богати луѓе од западните земји преку сурогат агенции, останаа без родители заради пандемијата на коронавирус и кризата што се појави насекаде во светот. Објавено е шокантно видео на кое се прикажани десетици бебиња во клиниката BioTexCom во Киев, кои плачат , а родители нема да дојдат да ги земат поради затворените граници, објави Канал 5.

Клиниката BioTexCom се рекламира како центар за репродукција, а во нивниот каталог потенцијалните родители можат да најдат „привлечни“ понуди на продажба со слики од насмеани бебиња. За многумина, цената на децата е една од најатрактивните карактеристики. Имено, секое бебе чини само 9.900 евра.

Текстот во целост на Канал 5

 

На почеток