Почина таткото на девојката која двајцата насилиници од Штип ја тепаа и снимаа со телефон, објави Алфа.
„Таа остана сама. Пред да почине татко ѝ, мајка ѝ е згрижена во психијатриска установа. Единствена поткрепа во овие тешки моменти е семејството на чичко ѝ. Не сака јавно да зборува, образложувајки дека душевната болка и состојбата во која се наоѓа неговата внука е многу тешка. Потврди дека ѝ е потребна финансиска помош, затоа што наследила кредити во висина од над 200.000 денари. Во куќата во која живее девојката треба да се изведе дополнителен приклучок за струја, а за тоа се потребни пари кои таа не може да ги плати бидејки е неврботена“, објaснува чичкото за Алфа. Тврди дека добива закани по живот од двајцата насилници.
Единствена светла точка ѝ е да може да си го врати едногодишното дете, кое е дадено на згрижување.
Девојката, вниманието на јавноста го привлече откако минатиот месец на социјалните мрежи се појави видео клип каде што се гледа како ја тепаат во влез на зграда. Двајцата сторители експресно беа откриени, а судот им изрече казна во висина од по 2,6 години.
фото: Архива
