Македонија

Заев: Ако сака Мицкоски јас го донесов вирусот од Кина, но дајте да одиме на избори

Владеачката СДСМ смета дека договор за изборите можа да има само додека трае вонредната состојба. Според нив по 30 мај продолжуваат да течат законските рокови за избори на 21 Јуни.

“Еве, ако сака Мицкоски, нека биде вака, јас нека сум виновен за се, јас сум виновен за корона кризата, јас го донесов вирусот од Кина. Но, дајте, исправени сме пред сериозни одлуки. Да го фатиме првиот можен момент”, вели Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ не ја отфрлаат можноста за договор но истакнуваат дека нема приближување на ставовите. Она што го гледаат кај СДСМ засега е само обид за спас на кариерата на Заев. Велат дека здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, објави Алфа.мк.

фото: Архива

 

 

На почеток