fbpx
саб. Мај 23rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ЧОВЕЧНОСТ: Од донорот на срце, во моментов се трасплантираат бубрега на Клиниката за урологија

Два бубрега од истиот донор кој донираше срце, во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, информираат од Министерството за здравство. Утринава, по 6-часовна операција, успешно заврши првата трансплантација на срце во земјава, која во координација со министерот за здравство Венко Филипче ја започна и ја водеше Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова.

Таа со својот тим болнички координaтори Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези. Во моментов на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на др Сашо Дохчев, др Александар Трифуновски, др Сотир Ставридис и др Јанчулев, со тим лекари од клиниката.

„Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања и секако на лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа“, информираат од Министерството.

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство. Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кјутим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов, др Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.

фото: ФБ