Времето денеска ќе биде сончево со умерен, повремено и засилен североисточен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи од каде додаваат дека утрото ќе биде студено и ведро.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 16 до 24 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 степен.
До петок времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури.
Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.