Коронавирус

Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции на некои места согласно бројот на дијагностицирани, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи

Воведување на нови рестрикции во одредени подрачја најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

-Сакам да порачам јасно дека повторно ќе воведеме рестрикции на некои места согласно бројот на дијагностицирани ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе анализираме податоци и во следните денови и врз основа на тоа ќе носиме одлуки, објасни Филипче.

Министерот додаде дека процентот на заразени во изминатите 14 дена изнесува 5,5 отсто и тука се калкулираат и тестовите од скринингот.

-Здравствениот систем е во добра кондиција исполнет е 11 осто од капацитетот, инциденцата е 10, 3 проценти 3 пати помала од пикот во април но продолжуваме да го пратиме. Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега веќе нема и во 6 града до 5 активни случаи. Зголеем број на случаи е од познати кластери, но има и нови во неколку општини – истакна министерот Филипче.

Министерот изрази незадоволство од неспроведување на владините мерки во некој градови и општини, со посебен акцент на Тетово и Штип, кадешто инспекциските контроли утврдиле повеќе неправилности.

Загрижувачки за здравствените власти е тоа што новиот бран позитивни случаи се заразиле токму во периодот кога во сила беа строгите рестриктивни мерки.

фото: Архива

На почеток