Македонија

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност објави дека донел одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Претседателот истакна дека на средбата се дискутирало за мерките и активностите во изминатите 14 дена за време на траењето на вонредната состојбата, но и за активностоте на Владата и на другите надлежни органи.

„Имајќи го ве предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден, ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре“, изјави Пендаровски.

фото: Архива

На почеток