Македонија

(ВИДЕО) Спасовски: Датумот за избори се фиксира на 5 јули – пролонгирање не е можно

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе се одржат на 5 јули, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски во Куманово.

„Со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот се фиксира на 5 јули“, рече Спасовски.

Тој вели дека било какво пролонгирање не е можно – ниту од правен, ниту од праведен аспект, со оглед на тоа што по 5 јули граѓаните ќе користат летни одмори, а на есен се заканува нов бран на ковид-19.

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/255131979054998/

На почеток